Еди Рама упати остри критики за визниот режим кон Косово.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати остри критики кон Европската унија поради неподготвеноста на Брисел да го либерализира визниот режим за Косово.
„Тоа е срамно и за ЕУ и за Косово“, изјавил тој, цитиран од весникот „Коха Диторе“.
За време на вчерашната заедничка седница на албанските и косовските влади, премиерот на Косово Иса Мустафа изјавил дека за Приштина е од исклучително значење да постигне договор за визна либерализација.
„Благодарение на оваа спогодба ќе се отстрани изолацијата на земјата“, изјавил косовскиот премиер.
На заедничката средба биле потпишани 5 договори, 4 меморандуми, 2 протоколи и една декларација за граничните слободни зони.
Слично
