Еди Рама сака во ЕУ, не ги сака „додворувачите дури и да донесат кавијар“
Никогаш нема да се откажеме од ЕУ, макар додворувачите да донесат и кавијар, порача албанскиот премиер, Еди Рама.
Рама призна дека чекањето е фрустрирачко, но земјите што му се додворуваат на регионот, без да ги именува ги нарече несоодветни додворувачи.
„Другите може да донесат пари, инвестиции, можеби дури и кавијар, но нема да може да го донесат она што ви треба за да изградите функционална слободна земја“, изјави Рама за ФТ.
Рама рече дека е загрижен за порастот на национализмот во Босна, но нагласи дека национализмот во ЕУ сега е главна пречка за амбициите на регионот да се приклучи на блокот од 27 нации.
Македонија и Албанија не ги почнаа преговорите, а се споменуваше и дека е можно да има раздвојување, со тоа што Македонија ќе чека да се реши спорот со Бугарија. Франција беше земја која ги блокираше двете земји, а резерва имаше и Холандија. Потоа Македонија доживеа блокади од Бугарија.
Слично
