Еди Рама пресреќен: Во продажба чанти на Луј Витон со албанското знаме
Луксузниот бренд „Луј Витон” пушти во продажба чанти на кои стои албанското национално знаме. Чантата со типичен дизајн на светски познатата модна компанија чини 9.900 долари.
Албанскиот премиер Еди Рама ја сподели информацијата на социјалните мрежи и го истакна своето задоволство од ваквиот потег на една од најпопуларните светски модни компании.
– Нова чанта на „Луј Витон” со најубавото знаме во светот, напиша Рама.
Рама неодамна исто така објави дека се лансирани сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ кои на земјата ќе и обезбедуваат податоци.
Слично
