Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама пречекан со химна пред Палатата на Србија

Еди Рама пречекан со химна пред Палатата на Србија
Албанскиот премиер Еди Рама допатува во официјална посета на Белград, прва посета на албански државник во Србија по цели 68 години. Претпладнево пред Палатата на Србија Рама го пречека неговиот домаќин, српскиот премиер Александар Вучиќ. Според протоколот за државни посети, беа интонирани химните на двете земји, по што Рама и Вучиќ ја започнаа својата средба во четири очи. Агендата предвидува потоа средби да имаат и делегациите на двете страни, а премиерите ќе одржат и заедничка пресконференција. Утре албанскиот премиер од Белград ќе замине во Прешево, каде што ќе говори на митинг во Домот на културата пред локалното албанско население. Последен албански државник во посета на Белград пред 68 години бил Енвер Хоџа, кој ја посетил Југославија. Посетата на Рама требаше да се одржи на 22 октомври, но беше одложена заради инцидентите на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија и зголемените тензии. Рама и Вучиќ тогаш се договорија да го презакажат историскиот состанок за 10 ноември, а и денеска посетата се одвива под засилено обезбедување.
Слично

Поврзани вести