Еди Рама повторно се посрамоти со стилот кој не доликува на премиер
Албанскиот премиер Еди Рама повторно се посрамоти себеси, но и државата која ја претставува и тоа на значајниот самит во Подгорица на земјите од Јадранската повелба каде главен гостин беше Мајк Пенс потпретседателот на САД.

Поради крајно несериозниот однос на Рама кон формалните собири и самити наводно му било забрането да се слика на групната „фемили“ фотографија. Тој носел несоодветени бели спортски патики и црвена шарена кравата со чудни детали.
Инаку на групната фотографија до Пенс е македонскиот премиер Зоран Заев бидејќи Република Македонија се водеше како ко-домаќин заедно со Црна Гора.
Слично
