Еди Рама: Односите со Србија не ни биле никогаш подобри
Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека неговата изјава за обединување на Косово и Албанија била извадена од контекст, нагласувајќи дека односите меѓу Белград и Тирана никогаш не биле подобри.
Во интервју за „Ал Џезира Балканс“ тој изјавил дека „процесот на интеграција треба да се разбере како единствен инструмент за модернизација на нашата реалност, а истовремено да се приближиме и еден кон друг во големото обединување на европското семејство“.
За време на посетата на Брисел, Рама потврдил дека земјите од Западен Балкан разговараат за заедничката работа на инфраструктурната мрежа во регионот, што претставува огромен напредок.
Слично
