Еди Рама не сака Косово да биде во мрак за Нова година и нуди помош
Албанија му нуди електрична енергија на Косово за новогодишните празници.
Албанскиот премиер Еди Рама вели дека сака да го поделат она што ги имаат. Рама на Твитер побарал од Министерството за енергетика да ја рагледа секоја можност за помош на косовската Влада, со цел ниту едно семејство во Косово да не остане без струја за Нова година. Во Косово имаше рестрикции на струја. Енергетската криза е глобален проблем и земјите ширум светот преземаат мерки за ублажување на состојбата.
Слично
