Еди Рама: Нашиот проект е Голема Европа, а не Голема Албанија
Албанскиот премиер Еди Рама вели дека одлагањето на неговата посета на Белград за 10 ноември не значи и целосно откажување, туку е резултат на усогласување со неговиот српски колега Александар Вучиќ.
Во интервју за Фракфуртер Алгемајне Цајтунг, Рама потврдува дека проблеми на Балканот и натаму постојат, но додава дека токму затоа тие треба да се решаваат.
„Сигурно дека има тешкотии, ама и добра волја тие да се надминат. Она што се случи на фудбалскиот натпревар во Белград покажа колку е лабилен мирот во нашиот регион и колку е лесно да се вратиме на старите навики. Сто години по почетокот на Првата светска војна, ние на Балканот за првпат во нашата заедничка историја доживуваме да нема сериозни конфликти, а тоа е многу поважно од судирите на еден фудбалски натпревар“, вели Рама во интервју за угледниот германски весник.
Тој нагласува дека „Голема Албанија“ не е проект на Владата во Тирана. „Голема Албанија не е наш проект, како што не е ниту парчето ткаенина со албански симболи, со нашето знаме или знамето на која било друга Албанија кое леташе над белградскиот стадион, а кое наводно ние сме го планирале“, порача Рама, нагласувајќи дека Тирана всушност се залага за „голема Европа“.
Според неговата оценка, т.н. „Голема Албанија“ е всушност само „мит што го одржуваат оние кои сакааат тој мит да го користат против Албанците“. „Албанците во Албанија, Косово, Македонија, Србија Црна Гора, Грција никогаш не биле проблем за другите, туку напротив, секогаш само настојувале другите да не бидат проблем за нив, да не ги протеруваат, маргинализираат и дискриминираат по етничка основа“, вели албанскиот премиер.
Албанскиот премиер Рама ги бара клучевите не Белград и сака митинг во Прешево!
Слично
