Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама ќе ја формира владата на Албанија, Илир Мета е нов претседател на парламентот

Еди Рама ќе ја формира владата на Албанија, Илир Мета е нов претседател на парламентот
Лидерот на левичарската коалиција – победник на парламентарните избори на 23 јуни и поранешен градоначалник на Тирана, Еди Рама го доби мандатот за формирање на новата влада на Албанија.  Според   коалицискиот договор, за нов претседател на Парламентот избран е Илир Мета, лидер на Социјалистичкото движење за интеграција за кого гласаа 91 пратеник, 45 беа против и еден беше воздржан. Според најавите, парламентот за изборот на новата влада најверојатно ќе се изјасни в четврток, а идниот владин кабинет ќе брои 20 члена. Албанскиот Устав предвидува дека претседателот на државата, во случајов  Бујар Нишани му го доделува мандатот за формирање влада на лидерот на партијата што има најмногу пратенички места во Парламентот. „Новото мнозинство ќе работи за приближување на земјата кон Европа. Тоа е исклучително важен момент. Не треба да дозволиме возот за Европа да се оддалечи од нас, туку треба да го стигнеме што е можно побрзо и да влеземе во нова етапа на евроинтеграциите“, истакна Рама. Коалицијата на Рама освои 83 пратенички места во 140-члениот албански Парламент, додека досега владејачката Демократската партија на сегашниот премиер Сали Бериша и другите десно ориентирани партии имаат 57 мандати.
Слично

Поврзани вести