Еди Рама кажа дали би гласал на референдум за обединување на Косово и Албанија
Повторно се споменува идејата за обединување на Косово и Албанија. Челниците на Косово и Албанија ги кажаа своите ставови по ова прашање.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ќе гласа „за“ на хипотетички референдум за унијата меѓу Албанија и Косово. Тој праша дали ова прашање е провокација.
„Ако ме прашате за хипотезата за мирен референдум за обединување на Албанија и Косово, јас би гласал отворено – за, да бидеме јасни. „Ако ме прашате дали ќе се случи или не, јас велам дека ќе се случи, не знам кога ќе се случи, како ќе се случи, но дека тоа ќе се случи еден ден, велам да“, изјави Рама.
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека тие не го бираат прашањето на обединувањето на Албанците, туку тоа ги бира нив. Според него, не можат да кажат датуми з атакви важни процеси.
Изјавите се дадени на заедничката конференција на двете влади, вкупно седма, што овојпат се одржа во градот Елбасан. На оваа идеја за обединување на двете земји претходните години реагираше Србија. Претходно и европски политичари предупредуваа дека таквите идеи можат да го „запалат“ регионот.
