Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама го укина данокот за мал бизнис

Еди Рама го укина данокот за мал бизнис

Малите и средни претпријатија кои се регистрирани во Албанија, а кои немаат годишен обрт поголем од 36.400 евра, од вчера не подлежат на наплата на данок. Со ваквите реформи Албанија им се приближува на западноевропските држави и нивниот даночен модел. Ни останува да видиме какви потези ќе направат соседните земји вклучувајќи не и нас.

Како што пишува Дигитале, Албанскиот премиер Еди Рама на прес конференција соопштил дека оваа земја го укинува оданочувањето за мали и средни претпријатија чиј годишен обрт не преминува 36.400 евра, пружајќи и  на економијата уште поголем поттик за раст.

За остантите претпријатија данокот се намалува

Тука е и новиот модел на наплата на данок за оние бизниси чие работење во фискалната година остварува обрт до 60 000 евра, на што Рама прокоментирал: „Сите претпријатија кои на годишно ниво остварат обрт до 36 000 ерва, се исклучуваат од системот за наплата на данок. Сите други бизниси кои остварат обрт помеѓу 36 000 и 58.200 евра, ќе бидат подложени на оданочување, но по нови стапки-со 7,5% данок на профит на 5 %.“

Потегот на албанскиот премиер многумина го окарактеризираа како ветер во грб на технолошките стартапи и мали бизниси кои допрва никнуваат, додека укинување на данокот и нови даночни олеснувања може додатно да и помогнат на оваа земја кога е во прашање јакнењето на стартап екосистеми, но и привлекување на нови инвестиции.

Прашањето кое и понатаму останува во воздух е кога слични олеснувања би можеле да очекуваме кај нас, во Србија и Хрватска и регионот.

Слично

Поврзани вести