Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама го маваа со јајца во Фиер

Еди Рама го маваа со јајца во Фиер

При заминување од објект во кој имал средба со жителите на градот Фиер, албанскиот премиер Еди Рама го гаѓаа со јајца. 

Како што јави дописникот на МИА, засега нема официјална информација за тоа кој гаѓал кон Рама, чија средба со граѓаните беше во рамки на активностите на Владата за отчетност пред јавноста.

Ова не е прв ваков случај со кој се соочува Рама. Со јајца тој беше гаѓан и пред Факултетот за социолошки науки во Тирана од група студенти кои протестираа против школарините.

Неодамна врз Рама беа фрлени брашно и вода, во собраниската сала. 

Слично

Поврзани вести