Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама дава „бебешки бонус“

Еди Рама дава „бебешки бонус“

Годинава „бебешки бонус“ добија 40.000 новороденчиња во Албанија. Оваа мерка важи и за оние кои се родени во, но и надвор од државата. 

Премиерот Еди Рама вели дека од почетокот на реализација на овој проект, од јануари 2019 година, досега, бонус земале 111 илјади бебиња.

„Со буџетот за 2022 ќе продолжи финансирањето на оваа програма за секое новороденче. Децата пред сè“, напиша Рама.

Родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (325 евра) за второродено 80 илјади (650 евра), а за третородено дете по 120 илјади леки (околу 1.000 евра). Доколку се близначиња, тројка или повеќе бебиња, секое добива по идентичен износ. И во други земји од регионот, наталитетот парично се стимулира. Таков пример имаме во Србија.

Слично

Поврзани вести