Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сириското хемиско оружје нема да се уништува во Албанија!

Сириското хемиско оружје нема да се уништува во Албанија!
Албанскиот премиер Еди Рама преку телевизија се обрати до нацијата. Изјави, Албанија го отфрли барањето на САД на нејзина територија да се изврши уништувањето на илјада тони хемиско оржје од Сирија. „Невозможно е Албанија да биде вовлечена во оваа операција“, изјави премиерот Еди Рама. Земјата ја тресеа повеќе протести по најавите дека оружјето од Сирија ќе се уништува во Елбасан, во малата фабрика на педесетина  километри од Македонија, а на барање на САД. Под притисок на Вашингтон, кај албанската влада  имаше расположение за да го прими огромните количества хемиски отрови. Како што објави Ројтерс, албанското одбивање е чекор назад во плановите на САД и Русија за ослободување од хемискиот арсенал. Сега како можни земји каде ќе се уништуваат бојните отрови се споменуваат Франција и Белгија. Претходно и Норвешка изминатиот не дозволи сирискот хемиско оружје да се уништува кај нив.
Слично

Поврзани вести