Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама: Албанија и Косово може да се обединат

Еди Рама: Албанија и Косово може да се обединат

Албанија и Косово ќе се обединат на класичен начин, ако ЕУ не го отвори патот за евроинтеграцијата на Косово. Тоа го изјавил албанскиот премиер Еди Рама.

Во рамки на телевизиска дебата на телевизија „Клан“ од Косово, во кој учествуваа и косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Хашим Тачи, Рама изјавил дека обединувањето на Косово и Албанија има две алтернативи но тие зависат од ЕУ.

„Првата алтернатива е обединување во рамките на ЕУ, но ако Унијата продолжи да ги затвора вратите за интеграција на Косово, тогаш двете страни ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“, изјавил Рама.

Тачи од своја страна, изјавил дека изјавата на Рама не претставува закана за ЕУ, туку реалност која може да се реализира во иднина како резултат на изолацијата на Косово од страна на ЕУ.

Слично

Поврзани вести