Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обновено: Пресметка во чајџилница во скопски Сингелиќ, едно лице е убиено

Обновено: Пресметка во чајџилница во скопски Сингелиќ, едно лице е убиено
Лицето кое е убиено е Аети Џељал, попознат како Џељо, а кој честопати е поврзуван со криминални активности. Покрај него, потешко се повредени уште две лица кога вечерва непознато маскирано лице, вооружено со автоматска пушка влегло во локалната чајџилница во Сингелиќ и отворило оган. Двајцата повредените се пренесени во Градската болница Св.Наум Охридски. Неофицијално, станувало збор за мафијашка пресметка. Полицијата води истрага, а целата област се обезбедува од Алфите. Засега маскираниот убиец е во бегство, а нема приведени за убиството.
Слично

Поврзани вести