Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eден убиен и неколкумина повредени на изборите во Албанија

Eден убиен и неколкумина повредени на изборите во Албанија

Припадник на опозициското Социјалистичко движење за интеграција е убиен во инцидентот кој силно ги подигна тензиите на денот на парламентарните избори во Албанија.

Исто така Албанските медиуми досега регирстрираа и неколку тепачки на изборните места, а нападната е и екипа на телевзијата „Топ Чанел“ која била ангажирана за следење на изборниот процес.

Убиството се случило во близина на гласачко место во градот Лач,каде по вербална расправија најпрвин е нападнат со тврди предмети а потоа и застрелан 53 годишниот Ѓон Ѓони.

Во инцидентот со тешки повреди се здобил Мехил Фуфи, инаку кандидат за пратеник од редовите на Демократската партија на премиерот Сали Бериша, и уште две лица кои случајно се нашле во близина.

Опозициските лидери Еди рама и Илир Мета обвинија дека премиерот Сали Бериша е свесен дека ја губи власта и затоа со ангажирање на криминалци сака да ја измени судбината на изборите.

Рама и Мета апелираа до граѓаните да излезат на гласање, нагласувајќи дека албанскиот премиер Сали Бериша „не може да ја држи власта со крв“.-

„И во овој миг кога зборувам  полицијата не ја врши потребната задача. Криминални сили со поддршка на полицијата, се пуштија во акција уште во утринските часови. Нема ништо да ја смени судбината на овие избори. Ние сме одлучни и организирани во заштита на секој глас. Ги повикуваме сите граѓани со семејствата да одат да гласаат. Не постои криминалец, кој ќе го спречи народот на одлучи“, порача Рама, кој е лидер на Социјалистичката партија (ПС).

На изборите во Албанија право на глас имаа 3,3 милиони гласачи. Предизборните анкети и даваат предност на опозцијата но тие во минатото не секогаш се поажувале како релевантни.

Првите резултати од гласањето се очекуваат во понеделник.

Слично

Поврзани вести