Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН ПОВИК МЕНУВА СÈ: Трамп се налути на Амазон, а потоа го смени пристапот: „Безос е добар и љубезен човек“

ЕДЕН ПОВИК МЕНУВА СÈ: Трамп се налути на Амазон, а потоа го смени пристапот: „Безос е добар и љубезен човек“

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, коментираше за извештаите дека Амазон наскоро ќе прикажува колку од цената на еден производ доаѓа од царини, веднаш до вкупната цена на производот, потег што би им илустрирал на американските потрошувачи како царините влијаат врз цената на стоките.

Двајца високи функционери на Белата куќа изјавија за Си-Ен-Ен дека лутиот Трамп во вторникот му се јавил на сопственикот на Амазон, Џеф Безос, за да се пожали на планот.

Подоцна истиот ден, Трамп го нарече Безос „многу добар човек“ во разговор со новинарите.

- Беше многу љубезен, брзо го реши проблемот и постапи правилно - кратко коментираше американскиот претседател, објави Би-Би-Си.


Да потсетиме, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја критикуваше компанијата Амазон поради плановите на компанијата да ги објави дополнителните трошоци за американската царина и нивното влијание врз конечната цена на нејзините производи.

Таа изјави дека разговарала со Доналд Трамп за споменатите планови, кој рекол дека тоа е „непријателски и политички чин од страна на Амазон“, објави Си-Ен-Ен.

- Зошто Амазон не го направи ова кога администрацијата на Бајден ја зголеми инфлацијата на највисоко ниво во последните 40 години? - рече таа на прес-конференцијата во Белата куќа.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести