Еден од нашите соседи е со најмалку заразени во Европа
Премиерот на соседна Албанија, Еди Рама тврди дека неговата земја и Исланд се држави со најмалку заразени во Европа.
Рама на социјалните мрежи се пофали дека според глобалното мерење, во последните две недели Албанија и Исланд, се двете земји со најмалку случаи на инфекции во Европа.
Тој го сподели двонеделниот графички приказ објавен на престижната веб-страница Ourworldindata.org. Албанија има 209 активни случаи, а 23 пациенти се во болница. Во јуни планираат да достигнат бројка од милион вакцинирани.
foto freepik
Слично
