Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИЗДАВАЧИ НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ТЕТОВО, „ИНТЕРПРОМЕТ“ ПРОДАВА СОПСТВЕНИ АКЦИИ - минималната цена е 3.000 денари

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИЗДАВАЧИ НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО ТЕТОВО, „ИНТЕРПРОМЕТ“ ПРОДАВА СОПСТВЕНИ АКЦИИ - минималната цена е 3.000 денари

Тетовски „Интерпромет“ ќе продава сопствени акции по пат на јавна понуда, а минималната цена за една акција ќе биде 3.000 денари по акција.

Продажбата ќе почне од 14 овој месец и ќер трае се до 20 јули.

Моделот ќе биде минимална цена, а ќе им се дава приоритет на налози со повисока цена и поголема количина.

Оваа продажба на сопствени акции е одобрена и од Комисијата за хартии од вредност.

„Врз основа на Решение за давање одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда, добиено од Комисијата за хартии од вредност УП1 10-67 на 22.06.2021 година, Интерпромет АД Тетово ќе понуди на продажба 2.686 обични (сопствени) акции по минимална цена од 3.000 денари за една акција. Продажбата ќе се врши преку Македонската берза за хартии од вредност почнувајќи од 14.07.2021 и ќе трае заклучно со  20.07.2021 година, преку модел на минимална цена – давање на приоритет на налози со повисока цена, поголема количина и порано време на внес на налог“, се вели во ценовно чувствителната информација што компанијата ја испрати преку берзата.

Во прилог на најавата за продажба, компанијата ги реобјавува и своите финансиски извештаи за работењето. 

Тие говорат дека „Интерпромет“ во 2019 година имал добивка од близу 540 илјади евра, но потоа финансискиот резултат се намалил во 2020 година, односно тој изнесувал само нешто над девет илјади евра.

Но, согласно со билансот на успех за првиот квартал од оваа година, се гледа дека компанијата почнува да се враќа во форма, па таа за првите три месеци од годинава имала добивка од 33,3 илјади евра. 

Цената на акциите на оваа компанија во изминатиот период растела, а последната тргувана количина, како што покажуваат податоците од Берзата, е на 22 март оваа година, кога една акција имала цена од 4.500 денари. 

Како што веќе има пишувано Фактор, Интерпромет“ е еден од најголемите издавачи на деловен простор во Тетово, кој поседува повеќе од 20.000 квадратни метри недвижен имот. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести