Еден милион евра за сеча на дрва!
Јавното претпријатие „Македонски шуми“ склучило договори од еден милион евра со 22 фирми од целата земја за сеча и дотур на дрва. Секоја година од сметката на „Македонски шуми“ се одлеваат околу 10 до 13 милиони евра, кои завршуваат на контото на приватни фирми ангажирани за сеча и транспорт на дрва.
Ваквата пракса менаџментот на јавното претпријатие постојано ја правда со обраложение дека нема доволно сечачи на дрва и камиони за транспорт, па затоа работата се препушта на приватни фирми. Сепак, дали тоа ќе биде пракса и оваа година, кога во „Македонски шуми“, се вработија 1.600 лица, останува да се види.
Еве со кои фирми ЈП „Македонски шуми“ склучиле договор за сеча и транспорт на огревно дрво
- ·1 794 780 денари РИКИ-ПРОМ ДООЕЛ с.Костурино Куклиш
- ·2 961 800 денари КОСТАЌЕВИ ДООЕЛ с.Пиперево Василево
- ·1 935 318 денари СТРУЈА-ЖАРЕ ДООЕЛ Струмица
- ·2 171 200 денари ИВАНОВИ-ЛЕПКОВИ ДООЕЛ с.Мокриево Ново Село
- ·1 166 430 денари ИЛИНДЕН-2007 ДООЕЛ увоз-извоз с.Негорци Гевгелија
- ·7 915 204 денари АЦЕРИ-2006 ДООЕЛ увоз-извоз с.Смоларе Ново Село
- ·782 758 денари МИКЕА ДООЕЛ Зрновци
- ·1 960 641 денари СТЕ-ФИЛ ДООЕЛ увоз-извоз с.Лаки Виница
- ·701 425 денари ЈО-ИВ ДООЕЛ експорт-импорт с.Костин Дол Македонска Каменица
- ·11 997 046 денари ЧАЕ БЛАГОЈ ДООЕЛ увоз-извоз Блатец
- ·5 004 911 денари ЛОШАНА ДООЕЛ с. Разловци – Делчево
- ·207 680 денари ЛУКА ЈОЦ ДООЕЛ увоз-извоз Кратово
- ·5 478 357 денари МИКЕА ДООЕЛ Зрновци
- ·9 471 388 денари ЈУГЛАНС ДООЕЛ Кочани
- ·1 894 425 денари ОРБЕЛА Кирил ДООЕЛ увоз-извоз Кочани
- ·1 595 655 денари ДИАДОС ДООЕЛ увоз-извоз Македонска Каменица
- ·1 609 520 денари ТИВАРИ ДООЕЛ експорт-импорт с.Лакавица,Гостивар
- ·634 781 денари. АРСИМИ КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар с. Чегране
- ·495 600 денари ЦАЛИ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз с.Лакавица Гостивар
- ·2 283 300 ден. ЛАКВАЛ ЛАЗАР ДООЕЛ с.Горна Бањица,Гостивар
- ·557 550 ден. ЉУШИ С.А.М. ДООЕЛ увоз-извоз Врапчиште
- ·1 421 133 ден. В И Б ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Гостивар
Слично
