Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН МИЛИОН ДОЗИ ВАКЦИНИ - толку очекува српската премиерка до крајот на јануари

ЕДЕН МИЛИОН ДОЗИ ВАКЦИНИ - толку очекува српската премиерка до крајот на јануари

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера изјави дека е реално да се очекува дека во јануари ќе пристигнат еден милион вакцини против коронавирусот.

Таа верува дека повеќето граѓани на Србија ќе бидат вакцинирани до средината на 2021 година. Во интервју за телевизијата Курир, таа рече дека новиот контингент вакцини, Фејзер-Бионтек, ќе пристигне на 4 јануари и најави скоро формирање на кол центар за аплицирање за вакцинација.

Брнабиќ им изрази голема благодарност на партнерите од Фајзер, бидејќи тие покажале сериозност и затоа што мала земја како Србија е меѓу првите што потпиша договор со нив.

„Во декември ја намалија првата испорака, бидејќи генерално го намалија производството, па ги намалија испораките до сите. Повеќе од тоа ќе го надополнат во јануари“, рече таа, додавајќи дека е убедена дека наскоро ќе пристигнат далеку поголеми количини од вакцината Фајзер.

„Имаме одлична комуникација и можеме да им веруваме. Во исто време, Фајзер е навистина една од најголемите фармацевтски компании во светот. И претседателот Александар Вучиќ и министерот за здравство Златибор Лончар и јас сме во постојана комуникација со други производители и очекувам одредена количина вакцина од кинески и руски партнери на почетокот на јануари. Во таа смисла, нема да имаме проблеми да ја продолжиме вакцинацијата“, потенцира Брнабиќ.

Слично

Поврзани вести