Еден мерцедес-милион евра, на Србија и подарија три!
Принцот претстолонаследник на Обединетите Арапски Емирати шек Мохамед бин Заед подари на Министерството за одбрана на Србија три блиндирани автомобили Мерцедес GL-500.
Според соопштението од министерството автомобилите ќе бидат на располагање на државните органи за превоз на странски гости за кои е потребен повисок степен на заштита. Подарените автомобили чинат околу три милиони евра.
Шеик Мохамед бин Заед кој се смета за еден од најбогатите луѓе во светот, беше во посета на Србија за време на која беа разгледани редица проекти за инвестиции, јавувија српските медиуми.
Слично
