Eден лајк за чиста совест – како јавните личности го користат Фејсбук!?
Социјалните мрежи – како мегдан за размена на различни ставови или бојно поле што во дадени моменти наместо за конструктивни, претставува фронт за деструктивни процеси? Виртуелни групи за поддршка или групи за измама? Информации или дезинформации? Промоција на вистински вредности или ширење на говор на омраза. Каква порака испраќаат јавните личности, која е целта ?
Биљана Ванковска: тепачки иницирани од Фејсбук
„Отсекогаш сум мислела дека привлекувањето на странски инвестиции по секоја цена е еднакво на проституирање - така не’ нуди нашата власт! Но, онака бесрамно да се даде Охрид, нашето најголемо национално и природно богатство, тоа е повеќе од проституирање - тоа е злосторство и велепредавство! Од Скопје направија што направија, ама сега е на ред Охрид. И гледам Охриѓани, на нозе, протестираат, не даваат, се бунат... Не, ние и онаа душата во која се колне Груевски ќе си ја продадеме за малку пари. Беда! Дно! “ - напиша на својот ФБ профил универзитетскиот професор Биљана Ванковска
За себе вели дека е пасиониран корисник на социјалните мрежи. Но посочува дека иако информациите се плаираат со светлосна брзина, тие треба внимателно да се читаат и менаџираат.
„Се сеќавате на оној „настан“ за наводно убиство на македонски студент во Грција. На вакви „вести“ за жал наседнуваат и класичните медиуми. Негативно е и тоа што социјалните мрежи создаваат лажно чувство на активизам (со еден лајк се смирува совеста, на пример), а понекогаш од такви повици следуваат и вистински акции, како тепачката на Кале или протестите против и за Талат Џафери.“ - објаснува професорката за Фактор и додава:
„Политичарите одамна се „навлекоа“ на социјалните мрежи, па затоа првите вести доаѓаат од твитерот на комесарот Филе и сл. Кај нас тоа оди поспоро, бидејќи е очигледно дека партиите и на овие мрежи функционираат исто (ограничено, еднострано) како и во стварниот живот. Нивните профили се бледи и неубедливи, со евидентни докази дека со нив се занимаваат неуки партиски војници, а лидерите остануваат далеку од граѓаните. “ - оценува професорката Ванковска.
Според неа, најпроблематичен сегмен од активноста на социјалните мрежи е промоција на говор на омраза и поттикнување на деструктивни процеси.
„За издржана дебата е потребен огромен напор и многу време за „модерирање“, внимавање да не се промовираат говор на омраза и други нецивилизирани и недемократски вредности. Јас самата го користам како сопствен медиум (како да сум главен уредник), но и како средство за креирање на јавно мислење (свесна сум дека ме следат најмалку 4000 луѓе, секојдневно, а меѓу нив се и политичари, новинари, студенти, граѓани во земјата и надвор од неа). Негативната страна на социјалните медиуми е во некритичкото прифаќање на „вести“ кои се гласини, озборувања, па и еднаков третман на говорот на омраза со оној другиот. “ - вели Ванковска.
Влатко Васиљ: новите медиуми – закана за традиционалните!
„Добар ден. Добар ден. Ми требаат два кредита. Едниот за да живеам нормално, другиот за да го исплаќам нормалното живеење. “ - напиша на својот ФБ профил Влатко Васиљ, аналитичар, колумнист и твитерџија.
„Самото ставање лајк на статуси каде се бара помош, соработка или било каков граѓански активизам надвор од Фејсбук не гарантира дирекно учество во тоа, а сепак кај лајкувачот прави моментално чувство и мисла дека тој веќе на некој начин помага или помогнал, што е сосема погрешно. Но мора да напоменам дека во неколку наврати како #Елкамк, #протестирам и #Најден овие социјални мрежи, па се погодиле да бидат од големо значење.“ - вели за Фактор, Влатко Васиљ кој е препознатлив по своите кратки ФБ статуси што содржат силна порака. Убеден е дека интеренет – медиумите веќе се закана за традиционалните медиуми.
„Иако активноста на ФБ е голема, а Твитер зема замав, мислам дека кај нас се уште се создава пасивност во спроведување на активностите надвор од таму. Во врска со пласирањето на информациите на социјалните мрежи кои се одвиваат и спроведуваат брзо и во поголема количина, овие нови медиуми може не сега, но во блиска иднина се сериозна закана за традиционалните медиуми. А добро знаеме дека каде масата на луѓе е најголема, таму и манипулацијата, дефокусот и спинувањето со сигурност се застапени.“ - вели Васиљ.
Синоличка Трпкова : социјалните мрежи - слободен виртуелен свет
„Можеме слободно да прогласиме смрт на уметникот, тој не е европеизиран а егзекутиран. Полето за културен натпревар е гробишта. Спуштете завеса, угасете рефлектори. “ - напиша на својот ФБ профил Синоличка Трпкова, актер, аналитичар и колумнист.
Трпкова за Фактор вели дека социјалните мрежи според неа биле единствено место за изразување на ставот.
„Социјалните мрежи ги разбирам како единствено место за искажување на слободната мисла. Во време кога скоро целиот медиумски простор е "окупиран" од власта и максимално искористен за манипулација со народот, социјалните мрежи се еден вид компензација за реалноста. Во недостиг на било каква конструктивна и демократска медиумска програма, социјалните мрежи повторно компензираат.“ - вели Трпкова.
Сепак, таа смета дека социјалните мрежи можат да бидат генератор и на деструктивни процеси и појави.
„Доколку ги користите внимателно (не се злоупотребуваат или не се шири говор на омраза) преку нив може многу да се влијае и да се научи. Никогаш не можат да бидат поопасни "по здравјето" од пропагандата посеана од владините медиуми. Моето искуство на ова поле говори дека постои еден добар дел од народот што е во потрага по слободата, размислува со своја глава и постира статуси вредни за размислување. Социјалните мрежи се нашиот единствен слободен виртуелен свет.“ - изјави Трпкова.
И власта и опозицијата на Фејсбук мегдан
За време на изборниот молк за Локалните избори годинава, токму социјалните мрежи беа носечкиот “медиум“ на кој се водеше кампања до последен момент.
По примерот на политичарите од Америка, и домашната политичка елита преку Фесбук, Твитер и Мај спејс се обидуваше да добие некој глас повеќе.
Меѓу активните политичари со свои ФБ и твитер статуси, преку кои често ги изразуваат своите ставови, се пратеникот Илија Димовски, пратеникот Антонио Милошовски, опозиционерот Јани Макрадули, министерот за финансии Зоран Ставрески, пратеничката Ленче Николовска.
„Информација за сите кои прашуваат за доисплата на субвенциите за тутун и грозје: На почетокот на следната недела ќе има исплата на субвенции за предаден тутун и предадено грозје во винарски визби, за оние призводители кај кои имаше контроли, или се докомплетираше документацијата. “ - напиша на 28 ти мај на својот ФБ профил, министерот Ставревски, користејќи ја социјалната мрежа за пласирање и на информации.
„Хрватска, извини, оди сама, ние овде имаме поважни работи, браунфилд инвестиции. Јасно ти е по бојата што ќе испадне од тоа... Честитки за мојот број 28! “ - напиша Јани Макрадули на 30-ти јуни.
Од политичарите, речиси сите имаа свои ФБ профили, но и групи за нивна поддршка.
А.Д.

Слично