Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден човек загина во пожар близу Атина

Еден човек загина во пожар близу Атина

Еден човек загина во големиот пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина. 

Безживотното тело на постаро лице е пронајдено во куќа во областа Кератеа, источниот дел на Атика. Веста попладнево ја соопшти портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис.

Пожарот е активен и надвор од контрола над три часа во област што не е густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период беа испратени осум пораки за евакуација на низа населби.

Дополнително, попладнево е евакуиран и старечки дом, а лицата со возила на брзата помош и автобуси беа пренесени на безбедна локација.

Ватракојанис информираше дека за евакуација на жителите на населените места во околината на огнената стихија помагаат припадници на грчката полиција.

Во пожарот интервенираат 190 пожарникари со седум пешадиски тима, 44 возила и голем број волонтери, а од воздух се гасне со 11 авиони и 13 хеликоптери, од кои два се координација.

Пожарот зафати куќи, а според портпаролот на противпожарната служба, предизвиканата штетата ќе процени откако ќе се изгасне пожарот.

Поради силниот ветер, високите температури и долгата суша, за денеска ви областа Атика, дел од централна Грција и дел од Пелопонез е екстремна опасноста за пожари, објави МИА.

Слично

Поврзани вести