Ечи пред МРТВ и Влада, илјадници луѓе протестираат низ Скопје
Во престолнината на Македонија во тек се два протести. Еден пред Влада, другиот пред МРТВ.
Едниот во организација на опозицискиот коалиционен партнер ПЦЕР , другиот од Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство.
Илјадници луѓе се наоѓаат пред МРТВ во знак на поддршка на Ангелов, за „ослободување“ на Националниот сервис кои бараат пуштање на аудио снимките кои ги објавува опозицијата.
Во моментов се пуштаат „бомбите“ на СДСМ на звучници пред МРТВ.
Стојанче Ангелов најави дека ќе се обидат мирно да влезат во зградата, како револт за необјавувањето на „бомбите“ на опозицијата.
Од друга страна пак, пред Влада ечат аудио снимки кои се на однесуваат изборните случувања во Шуто Оризари.
„Ние имаме образ, вие немате бел образ, вие сте од Белизе и лажете дека ќе ја зголемите социјалната помош“, порача Самка Ибраимовски претседателот на ПЦЕР.Протестантите побараа оставка од Груевски и велат дека им биле правени притсоци да не доаѓаат на протести.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/21/foto-ptser-bara-ostavka-od-gruevski-bomba-13-se-pushta-pred-vlada/" target="blank" ](ФОТО) ПЦЕР бара оставка од Груевски, „Бомба 13“ се пушта пред Влада![/button]
