Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ месечно вбризгува 60 милијарди евра во еврозоната

ЕЦБ месечно вбризгува 60 милијарди евра во еврозоната

Европската централна банка е цврсто уверена дека мора да ги задржи големите интервенции во економијата на еврозоната како би се избегнало поткопување на заздравувањето кое добива импулс.

И понатаму цврсто веруваме дека неверојатниот износ на монетарна поддршка уште е неопходен“, рекол претседателот на ЕЦБ Марио Драги пред пратениците на Европскиот парламент во Брисел пренесе Франс прес.

Иако состојбата на еврозоната се подобрува, на неа, според зборовите на Драги, и понатаму се потребни значајни поттикнувања.

Како еден од проблемите , Драги го наведува бавното темпо на раст на плати, кое, како што оценил, недоволно е за да ја турне инфлацијата до здрави нивоа.

ЕЦБ месечно „вбризгува“ 60 милијарди евра во економијата на еврозоната како би поттикнала кредитирања и економски раст.

Слично

Поврзани вести