ЕЦБ ја преполови својата програма за стимулирање
Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја преполови својата стимулативна шема. Од јануари следната година, банката ќе го намали износот на средствата купени до 30 милијарди евра од сегашното ниво од 60 милијарди евра.
Програмата, која има за цел да ја спречи заканата од дефлација во еврозоната и да помогне за зголемување на вработеноста, може да биде завршена до крајот на следната година, објави ББС.
Инфлацијата се очекува да биде под целта на ЕЦБ од 2% во следните неколку години.
Банката објави дека намалената програма за стимули ќе продолжи да функционира до крајот на септември 2018 година, "или, доколку е потребно, дотогаш."
Доколку економските услови станат помалку поволни или ако не е веројатно дека ќе се постигне напредок во однос на инфлациската цел на ЕЦБ, може повторно да се зголеми купувањето на обврзниците.
Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги со месеци известуваше дека шемата за откуп на обврзници ќе заврши.
