ЕЦБ ја намали итната ликвидна поддршка за грчките банки
Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали уште еднаш големината на итната ликвидна поддршка за грчките банки по барање на Централната банка на Грција со оглед на континуираното постепено подобрување на финансиските и ликвидни услови во земјата.
ЕЦБ одлучи да го ограничи лимитот на Механизмот за итна ликвидност за грчките комерцијални банки (програмата ELA) до 51,8 милијарди eвра, намалувајќи ja поддршката за банкарскиот сектор во земјата со 100 милиони Евра.
Тоа претставува последователен пад на итната ликвидна поддршка за грчките банки по одобрениот тек на летото на 2015 година за трета спасувачка програма за Грција во износ до 86 милијарди евра, непосредно пред која програмата ELA се зголеми до 91 милијарди евра.
Редуцирањето на помошта со 100 милиони евра беше по барање на Централната банка на Грција, како одраз на подобрената ликвидна ситуација во грчкиот банкарски систем покрај стабилизација на депозитни текови на приватниот сектор.
