Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБОР ни прогнозира пад на економијата од дури 5 проценти

ЕБОР ни прогнозира пад на економијата од дури 5 проценти

Анди Аранитаси, претставникот на Европската банка за обнова и развој во Северна Македонија, ни предвидува пад на македонскиот бруто-домашен производ од 5 отсто годинава. Раст од само 3 проценти се очекува дури во 2021.

-Според нашите проекции, годинава ќе има  пад на БДП од  пет  проценти и раст од три проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан, како и оние со индустриска база во Централна и Источна Еврoпа. Откако имаше растод близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувачка, инвестиции, договорите за извоз и увоз, вели Аранитаси во најавеното интервју за МИА.

Ова е нова проекција на ЕБОР за земјата, откако претгодно прогнозираше пад на нашата економија од 3,5 проценти во 2020 и раст од 5,5 проценти во 2021 година.

Просечниот пад на економијата на Западен Балкан ќе биде 5,1 отсто, пред се поради колапсот на туристичкиот сектор, нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и падот на странските директни инвестиции и дознаките од странство.


Слично

Поврзани вести