Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБОР: Македонската економија ќе расте за 3%

ЕБОР: Македонската економија ќе расте за 3%
Македонската економија во 2014-та ќе порасне за три проценти, прогнозира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај. Овие прогнози се за 0,3 отсто повеќе од претходните очекувања.

Во целиот регион на Југоисточна Европа, просечниот раст на БДП ќе биде 2,1 процент. Притоа, според ЕБОР, само една земја од регионот ќе има поголем раст од Македонија годинава. Тоа е Косово, чиј БДП ќе расте со стапка од 3.5%.  Економијата на Црна Гора ќе порасне за два процента, на БиХ и Бугарија за 1,8 отсто, Албанија за 1,7 проценти, Србија за 1,3 отсто и Хрватска за еден процент.

За одржливо закрепнување потребно е земјите во регионот да продолжат со структурните реформи и да се справат со последиците од кризата, вклучително и високите стапки на нефункционални кредити и долгорочна невработеност, се вели во извештајот. Во извештајот се регистрира зголемување на кредитирањето во локална валута во многу земји од Централна и Југоисточна Европа, како што се Унгарија, Полска, Бугарија и Македонија. „Достапноста до кредити во странска валута во овие земји се уште е под влијание на процесот на намалување на степенот на задолженост, додека кредитите во локална валута забележаа умерен раст“, се констатира во документот. Светската економија покажува позитивни знаци, особено во понапредните земји. Сепак, регионот на ЕБОР се уште не е надвор од опасност и се соочува со многу предизвици, вели главниот економист на ЕБОР Ерик Берглоф.  
Слично

Поврзани вести