Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБОР: македонската економија едвај над позитивна нула!

ЕБОР: македонската економија едвај над позитивна нула!
Се стопи уште една проекција за економски раст годинава. Европската Банка за обнова и развој во својот најнов извештај објави дека оваа 2012 та година македонската економија ќе заврши со раст од само 0,3 отсто . Во најновиот извештај со наслов „Регионални економски перспективи“, ја вбројуваат Македонија во групата на земји од Југоисточна Европа кои ќе остварат незначителен економски раст. Во групата со Македонија се Црна Гора, Романија и Албанија. Табела1: Извештај на ЕБОР за 2012-та Подобра од Македонија е Бугарија која годинава треба да ја заврши со раст од 1,2%, додека од регионот со негативен економски раст ќе завршат економиите на Србија -0,7, Хрватска -1,9 % и Словенија -2,5% . Поопитимистички проекции има за догодина за Македонија се предвидува раст од 2%, што претставува една од повисоките стапки на економски раст во групата на Југоисточна Европа. Во најновиот извештај поголеми стапки за догодина се предвидуваат за земјите од Централна Азија за кои се предвидува вкупен раст до година од 6,9 отсто . Во најновиот Извештај на Европската Банака за развој , за Турција во 2013 та се предвидува економски раст од 3,7%, а за Русија 3,3%. Аналитичарите од Европската Банка во делот за Македонија укажуваат дека и покрај внимателната фискална политика во координација со монетарната политика, годинава и натаму силно влијаеле надворешните кризни фактори што предизвикале  забавување на економскиот раст. Табела2: Извештај на ЕБОР за 2013-та  
Слично

Поврзани вести