Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБОР ќе го финансира и реструктуира ЕСМ во услови на енергетска криза

ЕБОР ќе го финансира и реструктуира ЕСМ во услови на енергетска криза

АД Електрани на Северна Македонија ќе добие финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој во услови на енергетска криза, соопшти акционерското друштво во државна сопственост.
Денеска генералниот директор на АД ЕCМ, Васко Ковачевски, и директорката за финансии, Добрила Стефаноска, се сретнаа со Франческо Корбо, регионален раководител за енергија за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој.

„На состанокот беше разговарано за можностите за финансиска поддршка од ЕБОР во услови на енергетска криза, како и понудена донација од страна на банката во вид на консултантски услуги кои ќе помогнат за реструктурирање на компанијата со цел подобро справување со периодот по енергетската криза, кој се очекува исто така да донесе нови предизвици“, соопшти ЕСМ.


Слично

Поврзани вести