ЕБОР и Светска банка го истражуваат работењето на компаниите во Македонија
Истражување на деловното опкружување и работењето на компаниите во Македонија, ова е дел од иницијативата на Европската банка за обнова и развој и Светска банка која ќе се спроведува и во останати 29 земји од централна Европа до централна Азија.
- Целта на истражувањето е да се добие одговор од компаниите за состојбата во приватниот сектор во секоја земја одделно, преку оценување на ограничувањата во растот на приватниот сектор и деловното опкружување. Во секоја држава, истражувањето ќе биде спроведено преку интервјуа со компании од производните и услужните дејности, стои во соопштението на ЕБОР.
Во ова петто по ред истражување на ДОРК, прашалникот е споредлив со Иницијативата за истражување на претпријатијата, спроведено од страна на Светска банка, и истото се имплементира во целиот свет со користење на стандардизиран прашалник прилагоден на реалноста на секоја земја. За прв пат ќе биде можно да се споредат различните теми од прашалникот, како што се усвојување на технологијата и иновациите, конкуренцијата, квалификациите на работната сила, неформалноста, достапноста до финансиските услуги, инфраструктура и влијанието на владините регулативи, не само помеѓу земјите во централна и источна Европа и Централна Азија, туку и со земји од други делови во светот.
- Покрај собирањето на податоци со цел да се добијат информации на годишна основа за мерките на земјите поврзани со деловното опкружување, со истражувањето истотака ќе се посетат претходно интервјуираните компании, со цел да се добие сеопфатен сет на повеќе-годишни податоци. Овој сет на повеќе-годишни податоци, ќе им овозможи на испитувачите, да ги забележат измените во деловното опкружување, да ги мерат резултатите од овие измени во однос на работењето на компанијата во дадениот временски период, и да направат проценка од резултатите врз реформате во деловното опкружување.
Локалните приватни компаниите за пазарно истражување кои што се ангажирани за собирањето на податоците, ќе започнат со интервјуата на случајно избрани компании од неделата што започнува од 5 ноември 2012 и ќе продолжат да работат во период од ноември до април. Прелиминарните резултати од испитувањето се очекуваат во средината на 2013. Овие резултати, заедно со дополнителните информации од другите истражувања, го сочинуваат изворот на препораки за владите поврзано со политиките за промовирање на инвестициите, продуктивноста и економскиот раст, соопшти ЕБОР
Слично
