Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Е-Промена на податоци“ нова услуга на УЈП

„Е-Промена на податоци“ нова услуга на УЈП
Управата за јавни приходи промовираше нова услуга за електронска промена на податоците. Услугата за компаниите стартува од 29-ти овој месец, а за физичките лица од 1 јануари 2013 година. Воведувањето на новата услуга е во чест на празникот на даночните работници „Св. Матеј“.

Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски на денешната прес-конференција рече дека услугата ќе ја користат компаниите за ажурирање податоци доколку настанала промена кај нив. Ќе се користи преку јавување на бесплатниот број 080033000, а промената ќе се врши во реално време.

Секоја компанија од Управата по пошта ќе добие пин код, кој задолжително ќе го користи за идентификација. Со новата услуга ќе може да се променат податоците кои се однесуваат на адресата, контакт телефонот, името и презимето на овластениот книговодител, сметка кај носителот на платен промет за даночни цели...

Недоставувањето точни податоци според закон е казниво со глоба од 3.000 до 5.000 евра, посочи директорот на Управата за јавни приходи.

Новата услуга ќе придонесе кон заштеда на време и трошоци за пријавување и ажурирање податоци.

Физичките лица ќе може да ја користат оваа услуга од 1 јануари оваа година. Засега не е утврден процесот за физичките лица.

Новата услуга се воведува во чест на празникот на даночните работници „Св. Матеј“, кој ќе се одбележи и со други активности, како крводарителска акција, хуманитарна акција за Домот за децата без родители „11 Октомври„, како и Меѓународна работилница „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“.

Слично

Поврзани вести