Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Е-ОN“ објави рекордна загуба за 2014 година

„Е-ОN“ објави рекордна загуба за 2014 година

Германскиот енергетски гигант Е-ОН денеска објави рекордна годишна загуба од 3,2 милијарди евра за 2014 година по отпишувањето на средства, пренесоа агенциите.

Загубата е рекордна за компанијата, основана во 2000 година. Тоа е забележано по промената во стратегијата поради германската политика на транзиција кон енергија од обновливи извори.

Неповолните резултати биле очекувани од ноември, кога Е-ОН објави дека ќе ги одвои централите кои работат со фосилни горива, во специјална поделба.

До средината на 2012 година компанијата работеше и на бугарскиот пазар како снабдувач на струја. Откако се повлече од бизнисот ја купи чешката компанија „Енерго Про“.

Слично

Поврзани вести