ДЗС: Зголемен интересот за изградба на станови
По застојот на почетокот од 2014 година, порастот на изградбата на нови станови во ноември скокнал за 54,4 остсо повеќе во споредба со истоит месец претходната година.
Ова се најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика каде се наведува дека само во ноември минатата година биле одобрени 281 дозвола за градење на згради, инфраструктурни објекти и реконструкции за што предвидено е да се вложат околу 59 милиони евра.
Вредноста на објектите што треба да се изградат со овие градежни дозволи е за 83,9 отсто поголема отколку во годината пред тоа.
Еспертите сметаат дека зголемувањето на издадените одобренија за градба во период кога обични градежништвото мирува поради временските услови покажува на зголемен интерес за градење.
Дел од експертската јавност смета дека голем поттик во растот на интересот за градба се и намалените кредитни камати, а токму поради нив пораснал и интересот на граѓаните за обезбедување на сопствен дом.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 181 се наменети за објекти од високоградба, 41 за објекти од нискоградба и 59 за реконструкција. На 184 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 објекти се деловни субјекти.
Во овој период е предвидена изградба на 361 стан со вкупна корисна површина од 35.324 квадратни метри. Најголемиот дел од парите што ќе ги инвестира градежниот сектор е токму во изградбата на станови.
Најмногу дозволи за изградба на станови се издадени во Скопскиот регион, односно 128 од кои 32 се предвидени само во општината Ѓорче Петров.
Слично
