Земјите од Европската Унија и натаму остануваат најголемиот бизнис партнер на земјава
Според Државниот завод за статистика извоз на стоки од земјава во периодот од јануари до јули во вредност од 2 милиони и 720 илјади долари , додека во исто време увозот од странство достигна 3 милиони 186 илјади долари.
Трговскиот дефицит изнесува нешто повеќе од 1 милион 185 милиони долари.
Покриеноста на увозот со извозот изнесува 62,8 проценти. Во периодот од јануари до јуни годинава од земјава најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали, производи од железо и челик, облека и преработки од нафта.
Во увозот пак, најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Земјите од Европската Унија и натаму остануваат најголемиот бизнис партнер на земјава.
Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (49.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првата половина од 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (70.8%) и земјите од Западен Балкан (20.3%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (59.0%) и останати земји, на друго место неспомнати (11.9%).
