Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Во август просечната нето-плата 21.108 денари

ДЗС: Во август просечната нето-плата 21.108 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 21.108 денари, а просечната бруто плата 30.990 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето и бруто плата по вработен, во август годинава е повисока за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани.

Ова зголемување според ДЗС се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (7 отсто), Други услужни дејности (6,7) и Рударство и вадење на камен (5,6 отсто), и на зголемувањето на бруто-платата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (6,7 отсто), Рударство и вадење на камен (6,6) и Други услужни дејности (6,6 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4,7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,8) и Транспорт и складирање (3 отсто).

Зголемување, пак,  на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4,9 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,4) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,3 отсто).

Во август 2013 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Слично

Поврзани вести