Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Трошоците пораснале за 4,6% споредено со лани

ДЗС: Трошоците пораснале за 4,6% споредено со лани
Нема промени во висината на трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка во ноември годинава, во споредба со изминатот месец, октомври. Сепак, споредено со ноември 2011, трошоците пораснале за пораснале за 4,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември 2012, во однос на октомври 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 2,2 отсто, Здравје за 0,5, Останати стоки и услуги за 0,4, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Ресторани и хотели за 0,1 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 0,8 отсто, Храна и безалкохолни пијалоци за 0,2 и Рекреација и култура за 0,1 отсто, додека нема промена кај индексите на групите: Алкохолни пијалоци, тутун, Мебел, покуќнина и одржување покуќнина, Комуникации и Образование.
Слично

Поврзани вести