ДЗС: Реките се повлекуваат и состојбата се стабилизира
Реките се повлекуваат во своите корита и состојбата се стабилизира, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Екипи на Дирекцијата ги расчистуваат наносите на местата каде имаше излевања поради обилните врнеѝи во Источна Македонија. Се поставуваат и одбранбени насипи со вреќи за да се спречи евентуално излевање на водата во објектите.
Екипите работат во селата Конче и Карбинци, а сто вреќи со песок се поставени во штипското Ново Село.
Во Гевгелија превентивно е поставена цистерна со питка вода во случај да е загадена водата од водоводот.
Попладнево ќе се состане и координативното тело за справување со кризи на Министерството за транспорт и врски.
Слично
