ДЗС: Расте бројот на новороденчиња, но и на разводи
Бројот на новороденчиња во третото тримесечје од годинава пораснал за 3,5 отсто во споредба со истиот период лани, соопштувааат од Државниот завод за статистика и изнесува 6.309 деца.
Во истиот период бројот на умрени лица е зголемен за 4 проценти и достигнал 4.534, од кои 60 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1.775 лица, за толку лица бројот на живородени деца е поголем од бројот на умрените лица, покажуваат статистичките податоци. Како што соопштува ДЗС, во третото тримесечје годинава бројот на склучени бракови достигнал 4.531 што е намалување за 1,8 отсто во однос на истиот период во 2011, додека бројот на разводи бележи раст и изнесува вкупно 427.
Слично
