ДЗС: Просечната цена на становите лани поефтинила во однос на 2013
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1 м2 станбена површина во 2014 изнесуваше 46 505 денари, што е за 0.7% помалку во однос на 2013.
Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесуваше 53 878 денари што е за 1.8% помалку во споредба со 2013 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 33 505 денари, што е за 14.7% помалку во споредба со 2013.
Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2014, таа е намалена за 8.4% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 3.4%.
Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.
Слично
