ДЗС: Пад на цените на мало
Во октомври оваа година цените на мало, во однос на претходниот месец, се намалија за 0,3 отсто, додека пад од 0,1 отсто е забележан и кај трошоците на живот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 6,3 отсто, мастите за 4,6 отсто, алкохолните пијалоци за 0,8 отсто и другите прехранбени производи за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај нафтените деривати за 3,4 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,1 отсто, садовите и приборот за домаќинствата и средствата за хигиена за 0,2 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец е забележан кај зеленчукот за 1,6 отсто, месото за 0,7 отсто, преработките од зеленчук и преработките од млеко за 0,4 отсто, сушеното овошје за 0,3 отсто и производите од жито за 0,2 отсто.
И кај здравствените услуги е забалежан пораст за 1,1 отсто, облеката за 0,9 отсто, авионскиот превоз на патници за 0,8 отсто, сообраќајните средства за 0,4 отсто, материјалите за одржување на стан и лековите за 0,2 отсто.
Индексот на цените на мало во октомври оваа година, во споредба со октомври мината година, бележи пораст од 0,7 отсто, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1,3 отсто.
Слично
