Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: За колку се зголемил БДП лани?

ДЗС ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: За колку се зголемил БДП лани?

Во Македонија, БДП во 2023 година се зголемил за 2,1 отсто.

Државниот завод за статистика(ДЗС) денеска соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897.694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10 отсто, а реално за 2.1 отсто. 

Најголемо учество на додадената вредност со 18.9 отсто во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Финалната потрошувачка во 2023 година во структурата на БДП учествува со 83.4 отсто. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година изнесува 67.8 отсто.

Според Светска банка, Македонија и годинава ќе има најмал економски раст во регионот. 

Наместо очекуваните 2,5 проценти кои ги прогнозираше Светската банка во пролетната проекција, државава ќе ја заврши годината со економски раст од само 1,8 отсто. 

Слично

Поврзани вести