Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

Во јануари годинава во однос на истиот месец лани, просечната плата во земјава се зголемила. Просечната бруто плата во Македонија изнесува 64.697 денари, а нето е 43.050 денари. Податоците ги објави Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.1 отсто), Административни и помошни услужни дејности (12.1 отсто) и Образование (11.5 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (6.8  отсто), Преработувачка индустрија (5.7 отсто) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.5 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, според ДЗС, во декември 2024 година, изнесувала 43.587 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесувала 41.999 денари.

Слично

Поврзани вести