Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Нето платата во мај изнесувала 21.288 денари

ДЗС: Нето платата во мај изнесувала 21.288 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај оваа година изнесува 21.288 денари, додека бруто платата изнесува 31.247 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај оваа година, во однос на истиот период лани бележи зголемување од два отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен за 8,1 отсто, Транспорт и складирање за 6,9 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,4 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,1 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,9 отсто.

Во мај оваа година, 1,5 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Слично

Поврзани вести