Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Македонија со трговски дефицит од над една милијарда долари

ДЗС: Македонија со трговски дефицит од над една милијарда долари

Вкупната трговска размена на стоки во периодот јануари – мај 2013 година е 4,3  долари. Извозот изнесува 1.6 милијарди долари, а увозот 2.6 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,7 отсто, а трговскиот дефицит е 1.018 милијарди долари.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и преработките од нафта.

Во увозот најзастапени се нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ, 70,5 отсто, и земјите од Западен Балкан, 20,3 проценти, додека во увозот членките на ЕУ имаат 58,2 отсто. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена Македонија најмногу, 49,2 отсто, тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.

Слично

Поврзани вести