ДЗС: Каде има слободни работни места?
Во третото тримесечје од годинава во Македонија има вкупно 4.849 слободни работни места, соопштуваат денеска од Државниот завод за статистика(ДЗС) кои до овој податок дошле врз основа на спроведена анкета како дел од истражувањата на пазарот на трудот.
Најмногу слободни работни места има во преработувачката индустрија (1.577), по што следуваат трговијата на големо и мало (662), градежништвото (396), јавната управа и одбраната (375) и образованието (314).
Најмалку работни места пак има во секторот снабдување со електрична енергија и гас (5), дејностите со недвижен имот (5) и во финансиските и осигурителните дејности (28). Гледано според занимањата, најмногу слободни работни места има за работниците во услужните дејности и продажбата (1.243), а најмалку за воените занимања. Според ДЗС, Во третото тримесечје од 2012 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.24 проценти.
Слично
