Индустриското производство во јуни бележи раст од 1,9 проценти
Според Државниот завод за статистика индустриското производството во јуни во споредба со истиот период лани е зголемено за 1,9 проценти.
Гледано по сектори за истиот период најголем пораст на индустриското произвотство се бележи во секторот рударство и вадење камен од 6,7 проценти.
Преработувачката индустрија е со раст од 1,9 отсто, а секторот снабдување со електрична енергија и гас и пареа бележи пад од 2,9 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, пораснало кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,3 отсто, капитални производи за 10 отсто.
Додека пак, има пад кај енергија за 4,4 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 17,1 отсто.
